Дома Останати Кошарка Познато зошто Дончиќ не беше избран за Олстар-викендот

Познато зошто Дончиќ не беше избран за Олстар-викендот

Лука Дончиќ овој февруари нема да настапи на Ол-стар, прв пат по пет години. Иако играше за Лос Анџелес Лејкерс, беше повреден кога се одредуваа составите на тимовите и кога се одржа „драфтот“ за најголемото кошаркарско шоу. Поради тоа, нема да биде присутен следниот викенд на теренот во Сан Франциско.

Љубителите на кошарката ќе бидат лишени од настапот на ѕвездата за која најмногу се зборува. Словенецот дури и пред заминувањето во Лејкерс доби 1,6 милиони гласови од фановите на НБА кои сакаа да видат како игра во арената во Сан Франциско, но тоа нема да се случи. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гласовите на навивачите претставуваат 50 проценти од вкупниот број гласови, додека останатите 25 проценти се од играчите на НБА и медиумите. Со оглед на тоа дека Лука беше сериозно повреден и оваа сезона пропушти 22 натпревари, не е потребно да се бараат дополнителни причини зошто не беше избран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Црвен аларм во Словенија: Соиграч го повреди Дончиќ пред Европското првенство!

Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни на…