Дома Фудбал Познати се првите два клуба во нокаут-фазата на Лигата на шампионите

Познати се првите два клуба во нокаут-фазата на Лигата на шампионите

Во вторник се одиграа првите девет натпревари од шестото коло на Лигата на шампионите, што е и последно за оваа година, 2025. По тие натпревари, немаше значителни промени на врвот на табелата, каде Арсенал остана водечки со 15 поени. Баерн е втор со истиот број на поени, но со утакмица повеќе и послаба гол-разлика. Единствена новост е подемот на Аталанта на третото место со 13 поени.

Токму Арсенал и Баерн веќе си обезбедија место во нокаут-фазата на натпреварувањето. Според статистичките анализи, овие тимови математички не можат да паднат под 20-то место, дури и во најлошо сценарио за нив.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Целта на двата клуба несомнено е да останат во топ 8 и директен пласман во осминафиналето. Баварците до крајот на лигашкиот дел ќе играат против USG на домашен терен и ПСВ во гости, додека Арсенал најпрво во среда ќе го посети Клуб Бриж, па во 2026-та ќе гостува кај Интер и ќе ги пречека Кизилјарода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Буфон за вечната дилема: Ова е клучната разлика меѓу Роналдо и Меси

Џанлуиџи Буфон го отвори прашањето за вечната дебата меѓу фудбалските фанови – кој е…