
По речиси 13 години поминати во Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално се збогува од клубот. Во тимот пристигна во еден од најтешките периоди за мадридскиот состав, а во текот на годините стана еден од клучните играчи во најуспешниот период во историјата на клубот. Со неговото заминување останува празнина во екипата која следната сезона ќе игра под водство на Чаби Алонсо, а се отвора и прашањето кој ќе го наследи дресот со број десет.
Според пишувањето на шпанската Марка, прв кандидат за бројот на Модриќ е Kилијан Мбапе, кој моментално носи деветка. Постојат можности дека, како што некогаш направи Кристијано Роналдо, Мбапе ќе ја преземе десетката, особено затоа што тој број веќе го користи во репрезентацијата на Франција. Во тој случај, токму тој би бил главниот фаворит за преземање на тој број.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Втора сериозна опција е Џуд Белингам, кој исто така би можел да стане новиот сопственик на „десетката“. Меѓутоа, англискиот играч од средината на теренот веќе го носи бројот пет, исто како што некогаш го носеше неговиот идол Зинедин Зидан, и изгледа дека неговата цел е да остане приврзан кон тој број, што до некаде ја намалува веројатноста да го промени.
Фото: Grok AI