
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, и неговиот долгогодишен партнер „Новоматик Македонија“ денеска официјално потврдија дека соработката продолжува и во наредната сезона. На прес-конференцијата што се одржа во Скопје, двете страни соопштија дека договорот за генерално спонзорство е продолжен за уште една година и е вреден еден милион евра, идентично како и досегашниот.
На настанот присуствуваа претставници на менаџментите на клубот и компанијата, како и капитенот на „црвено-црните“, Горан Закариќ, кој не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Денеска ја потврдуваме нашата посветеност на македонскиот спорт и на клубот кој претставува симбол на колективен дух и спортска истрајност. Заедно со Вардар ја продолжуваме „спортската бајка“, со надеж дека ќе придонесеме за нова ера на успеси – изјави Петар Пенчев од „Новоматик Македонија“.
Капитенот Закариќ пак, потенцираше дека поддршката од спонзорот не е само финансиска, туку и мотивирачка, особено за младите спортисти. Во време кога младите бараат примери за следење, компаниите како „Новоматик Македонија“ играат клучна улога. Тие не инвестираат само во екипи, туку во здрава иднина и спортски вредности. Благодарни сме што стојат зад нас и што ни даваат сила да се бориме за нови победи – рече капитенот на Вардар.
ФК Вардар зад себе има успешна сезона – го освои Купот на Македонија и обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига, каде што се среќава со екипата на Ла Фиорита. Новиот договор со генералниот спонзор доаѓа како силна потврда дека клубот има стабилна основа за градење на идни спортски успеси.