Дома Фудбал Позната најголемата трансфер желба на Јувентус

Позната најголемата трансфер желба на Јувентус

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, кој е главна трансфер цел за нападот.

Нигерискиот напаѓач од Наполи моментално игра на позајмица во Галатасарај, каде што се претставува одлично. Меѓутоа, Наполи сака да го продаде ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интересот за Осимен е голем, а тој има клаузула за раскин вредна 75 милиони евра. Сепак, таа важи за клубови надвор од Италија и Јувентус не може да ја искористи. 

Јувентус веќе преговара со играчот кој е спремен да се пресели во Торино, но преговорите со Наполи нема да одат лесно.

Новиот италијански шампион преферира да го продаде во друг шампионат, а не на директен конкурент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс среде Кавадарци го преслуша Тиквеш! (Видео)

Екипата на Силекс одигра одличен натпревар во Кавадарци каде што со 3-0 славеше на гостува…