Дома Фудбал Позната е причината за смртта на 53-годишниот доктор на Барселона

Позната е причината за смртта на 53-годишниот доктор на Барселона

Докторот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, 53-годишниот Карлес Мињаро Гарсија, почина како резултат на инфаркт во хотелската соба каде што тимот беше сместен пред натпреварот со Осасуна, известија каталонските весници.

Сè уште се чека на обдукција на телото на таткото на две деца.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


”Да, а на други прашања не можеме да одговориме бидејќи се во сферата на приватноста”, рече претставникот на Барселона за прашањата околу причините и околностите на смртта.

Мињаро Гарсија работеше во фудбалскиот клуб Барселона од 2017 година каде што беше лекар на малиот фудбалски тим. Од оваа сезона беше лекар на првата екипа која требаше во саботата во 21 часот да игра против Осасуна.

Но во 20.42 часот од разгласот на Олимпискиот стадион Лјус Компанис беше соопштено на публиката дека натпреварот е откажан.

“Во овие моменти на голема тага решивме дека е најдобро да побараме откажување на натпреварот,” рече претседателот на Барселона Жоан Лапорта за клубската телевизија. ”Во шок сме бидејќи сè се случи ненадејно”, додаде тој.

Ла Лига, организаторот на натпреварувањето, го уважи барањето на Барселона.

“Не поднесовме никакви забелешки на одложувањето на натпреварот бидејќи животот е најважен. Не можете да играте мислејќи дека недостасува некој кој требаше да биде тука”, рече претседателот на Осасуна Луис Сабалза обраќајќи се на медиумите.

Засега е непознато кога ќе биде одигран тој натпревар од 27. коло на шпанското првенство.

Лапорта рече дека играчите на Барселона, водечката екипа на првенството, се вознемирени од веста за смртта на докторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед донесе одлука за судбината на Аморим по срамниот пораз од Гримсби

Од претходно беше тема дали Рубен Аморим треба да остане или да си замине од Манчестер Јун…