
По жребот за Лигата на шампионите, УЕФА го објави и точниот распоред на натпреварите од осмина-финалето.
Првата вечер, во вторник на 10 март, ќе се сретнат Галатасарај и Ливерпул во термин од 18:45 часот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Од 21 часот, ќе играат Аталанта против Баерн во Бергамо, Барселона ќе гостува на Њукасл, додека Атлетико во Мадрид ќе биде домаќин на Тотенхем.
Следниот ден, програмата ќе ја отвори Баер Леверкузен и Арсенал од 18:45 часот, а потоа од 21 часот ќе се играат двата најголеми дербија од оваа рунда.
Реал ќе биде домаќин на Манчестер Сити во Мадрид, додека во Лондон, Челси ќе го пречека шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, што ќе биде реприза на финалето од Светското клупско првенство, каде што ова лето победи англискиот тим.
Исто така, Боде ќе го пречека Спортинг во поларниот круг.
Реваншите се на 17 и 18 март.
Во вторник на 17 март ќе играат паровите од 11 март, а во среда на 18 март се на програмата реванш натпреварите од 10 март.