Дома Фудбал Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден рок да го продаде момчето кое беше платено 31 милион евра.

Едуардо Камавинга дојде пред речиси пет години од Рен. Се предвидуваше блескава кариера, но луѓето од „кралскиот клуб“ ја загубија вербата дека тој ќе стане еден од носителите на играта на најтрофејниот клуб во светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 23-годишен Французин одигра 32 натпревари оваа сезона и постигна два гола. Управата не е задоволна од неговите партии, па ќе се најде на трансфер листа. Се споменуваше ПСЖ, но Светците се откажаа од тој трансфер.

Неговата пазарна вредност моментално е 50 милиони евра, а каде ќе заврши на крајот ќе видиме идното лето.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лига…