Дома Фудбал Потврдена најлошата можна вест за Арсенал: Сака го чека подолга пауза!

Потврдена најлошата можна вест за Арсенал: Сака го чека подолга пауза!

Букајо Сака се здоби со повреда на задната ложа и го очекува подолга пауза.

Како што открија сигурни англиски извори, повредата на задната ложа не е воопшто незначајна, и Сака ќе паузира неколку недели.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Поради слична повреда, голманот на Ливерпул Алисон Бекер паузираше околу два месеци, а доколку и Сака не биде на теренот осум недели, ќе пропушти клучен дел од сезоната. Но, некои тврдат дека во најдобар случај Сака би можел да се врати за шест недели.

Но, и во тој период, Арсенал има многу тежок и напорен распоред.

Арсенал до крајот на годината има три лигашки натпревари против Ипсвич, Брентфорд, Брајтон, а потоа на почетокот на 2025 година продолжува со куп натпревари, на 8 јануари против Њукасл во Лига купот и на 12 јануари против Манчестер јунајтед, за среќа двата меча се играат на “Емирати”.

А потоа следи низа нови натпревари во ПЛ, бидејќи на “Емирати” ќе пристигнат Тотенхем и Астон Вила, а потоа и Динамо Загреб во Лигата на шампиони.

За крајот на јануари тука се гостувањата на Вулвс и Џирона во последното коло на Лигата на шампиони.

Февруари започнува со дербито со Манчестер сити, на “Емирати”, потоа реванш полуфиналето на ЕФЛ со Њукасл во гостувањето.

Навивачите се надеваат дека Сака би можел да биде подготвен за гостување на Лестер или дуел со Вест Хем на 15 или 22 февруари.

Во негово отсуство се очекува конечно да го покажат своето вистинско лице Габриел Мартинели, но и се подобриот Габриел Жезус кој постигна пет гола на два меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Правнукот на Мусолини даде гол, а навивачите го прославија на срамен начин (Видео)

Натпреварот од 18. коло на Серија Б, во кој Јуве Стабија ја победи Чезена со 1:0, не беше …