По три последователни лигашки натпревари без победа, фудбалерите на Барселона вчера со 5:1 славеа на гостувањето против Мајорка.
Ако ги гледаме само натпреварите во шпанското првенство, ова беше прва победа на Барса после еден месец. За прекин на негативната серија на Барселона најзаслужен беше двојниот стрелец Рафинња, додека по еден гол постигнаа Феран Торес, Френки де Јонг и Пау Виктор. Единствениот гол за домашната екипа го постигна Ведат Муричи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Особено лош во вчерашниот натпревар беше левиот бек на Мајорка, Хохан Мојика, со оценка 5.1 на „Sofascore“ најслабиот играч на натпреварот. Погреши при првиот гол на Барселона, а целокупниот натпревар имаше проблеми против Ламин Јамал, кого го сопре непрописно во казнениот простор, што Рафинја го искористи за гол од пенал за 2:1 во 56-тата минута.
Пред изведувањето на тој пенал беше снимен моментот заради кој Мојика особено се обвинува. Во налет на бес, тој му пријде на соиграчот Ману Морланес и го удри со глава.