Сензационална вест доаѓа од Италија. Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите да стане тренер на Јаник Синер.
Информацијата ја објави познатиот весник „Газета дело Спорт“ со објаснување дека Хрватот е во потесен избор заедно со Андре Агаси и Андреас Сепи.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Познато е дека Дарен Кејхил заминува во пензија на крајот од оваа сезона и дека нема да работи повеќе со Синер, а изгледа дека Италијанецот сака брзо да го реши прашањето за негов наследник..
„Горан Иванишевиќ е слободен на пазарот по раскинување на соработката со Елена Рибакина. Хрватскиот освојувач на Вимблдон би можел да му помогне на Синер, особено со унапредување на сервисот, како што го правеше тоа години со Новак Ѓоковиќ. Со српскиот тенисер Иванишевиќ направи одличнаработа и од неговиот сервис создаде моќно оружје“, пишува италијанскиот медиум.