Минатиот вторник пристигнаа лоши вести за навивачите на ВФБ Либек, германски четвртилигаш. Либек е град во северна Германија, во покраината Шлезвиг-Холштајн. Клубот тогаш објави дека се наоѓа пред банкрот и дека во следните 48 часа мора да собере милион евра за да се спаси. “Со сеопфатна анализа на актуелната финансиска ситуација беше идентификуван значителен недостаток на ликвидност кој претставува голем финансиски предизвик за надзорниот одбор и управата”, напишаа тогаш од клубот.
“Апелираме до сите да застанат покрај нас во ова тешко време и да размислат како можат да нѐ поддржат. Секоја навремена поддршка – било во форма на спонзорирање, донации или други мерки – се бројат. Само заедно можеме да го спасиме Либек и да ја победиме оваа егзистенцијална криза”, исто така беше наведено во пораката, а навивачите на Либек покажаа како се подготвени да го спасат својот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една недела подоцна раководството на Либек објави дека во 48 часа навивачите успеале да д пронајдат спонзори и донации за да го спасат својот клуб..
Подоцна, клубот ги соопшти вестите преку официјалните канали: “Сензационално, извонредно, единствено, со историја – иако е тешко со зборови да се опише што доживеавме, собравме, споделивме и постигнавме заедно како ВФБ семејство: собравме потребната сума од 1 милион евра! Завршено е! VfB е жив!
Благодарение на великодушните донации на млади и стари, мали и големи, од Либек, Хамбург и цела Германија, успеавме невозможното да го направиме возможно! Секој ден беше обележан со солзи, пот и неизвесност. Но, долгите ноќи без сон и безбројните разговори на крај доведоа до тоа VfB Либек да ја избегне заканата од банкрот!
Можеме само да кажеме: благодарам, благодарам и повторно благодарам за лојалноста, поддршката, охрабрувањето, љубовта кон клубот и великодушноста! Само бројните донации на различни начини овозможија да се оствари тоа што во вторник вечерта никој не мислеше дека е можно!
Начинот на кој VfB семејството стоеше заедно, трепереше и се надеваше последните неколку дена беше едноставно извонреден! Останавме без зборови, презадоволни, благодарни и горди што ова успеавме со вас!” напишаа.