Дома Фудбал Потег во очај или вистинска одлука? Гатузо треба да биде спасител на Италија

Потег во очај или вистинска одлука? Гатузо треба да биде спасител на Италија

Џенаро Гатузо, Џанлуиџи Буфон, Џанлука Замброта, Леонардо Бонучи и Андреа Барѕаљи – ако бевме во 2006 година, навивачите на фудбалската репрезентација на Италија со воодушевување би го поздравиле овој квинтет во националниот тим на „азурите“.

Сепак, во 2025 година, не многу луѓе се воодушевени, и тоа со право.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Откако Клаудио Раниери и Стефано Пиоли ја одбија можноста да ја водат репрезентацијата на Италија, претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, се сврте кон не баш најпопуларното решение во вид на Џенаро Гатузо.

Доскорешниот тренер на Хајдук Сплит, според пишувањата на Газета, ќе биде новиот селектор на Италија, а во неговиот стручен штаб ќе бидат токму Буфон, Замброта, Бонучи и Барѕаљи како помошници.

Покрај тоа, Италија ќе добие и нов технички директор во вид на Чезаре Прандели, кој беше селектор на Италија во периодот од 2010 до 2014 година.

Гатузо има релативно скромна тренерска кариера, во која освои само Купот на Италија со Наполи во 2020 година, особено имајќи предвид дека ги водеше тимовите како Милан, Марсеј, Валенсија…

Ако, пак, Италијанците отстапат од Гатузо, се спомнуваат Доменика Тедеско, Рафаел Бенитез, Роберто Манчини, па дури и Жозе Мурињо и Јоаким Лев.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милнер руши рекорд во Премиер лигата

Џејмс Милнер договори едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот дене…