Дома Фудбал Португалија без Роналдо во натпреварите против Мексико и САД

Португалија без Роналдо во натпреварите против Мексико и САД

Кристијано Роналдо не се најде на списокот на португалската репрезентација за наредните подготвителни натпревари пред Светското првенство поради повреда на задниот дел на десната ноќ.

Легендарниот капитен на Португалија се повреди на 28 февруари играјќи за неговиот клуб Ал Наср, кој е водечка екипа во саудиската лига, а сѐ уште не се има целосно опоравено.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така, тој нема да биде дел од тимот за пријателските средби против Мексико на 28 март на обновениот стадион Атзека, како и против Соединетите Американски Држави на 31 март во Атланта.

Селекторот на Португалија, Роберто Мартиниез, ги увери навивачите, истакнувајќи дека учеството на Роналдо на неговото рекордно шесто Светско првенство не е под ризик.

“Не, не е во опасност”, изјави Мартиниез во петокот при објавувањето на списокот со 27 играчи. “Станува збор за полесна повреда на мускулите и веруваме дека ќе се врати за една или две недели. Сѐ што Кристијано физички постигна оваа сезона покажува дека е во одлична форма”, рече Мартиниез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед блиску до договор со играчи кои беа отпишани

Манчестер Јунајтед е на чекор од важни потписи, бидејќи преговорите за нови договори со Ко…