
Перспективниот шпански тренер Андони Ираола влегува во трката за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, бидејќи оваа сезона привлече огромно внимание од фудбалската јавност поради одличните резултати со Борнмут во Премиер Лигата.
Оваа информација ја пренесе ексклузивно англискиот „Дејли Мејл“, нагласувајќи дека актуелниот тренер на Бајер од Леверкузен, Чаби Алонсо, е прв фаворит за да седне на клупата на, според мислењето на многумина, најдобриот клуб во светот.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
И покрај тоа што доаѓањето на Алонсо во Мадрид веќе со месеци наназад е планирано, германските медиуми пренесуваат дека раководството на Баер најавило разговори со шпанскиот тренер за продолжување на соработката.
Во случај на неповолен развој на настаните за Реал Мадрид, кралскиот клуб ќе се насочи кон Ираола, кој е застапуван од истата агенција како и Алонсо.
Бидејќи станува збор за тренери од слична генерација и развоен пат, јасно е дека актуелниот менаџер на Борнмут е логична „план Б“ опција за кралскиот клуб кој со сигурното заминување на Анчелоти ќе влезе во нова фаза на постоење.