
Олимпик де Марсеј е еден од најстарите и најтрофејни француски клубови, основан во 1899 година. Во текот на историјата изгради статус на гигант во францускиот фудбал, а најголемиот успех го постигна во 1993 година кога ја освои Лигата на шампионите, станувајќи тогаш единствениот француски клуб со тој трофеј.
Марсеј е повеќекратен шампион на Франција и освојувач на домашни купови, а познат е и по страстните навивачи и големото ривалство со ПСЖ, познато како „Ле Класик“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Зад себе имаат армија навивачи, а клубот со најновиот потег ги шокираше сите. Имено, го променија грбот среде сезона, а славниот изглед замина во историјата.
Реакциите на навивачите на социјалните мрежи беа брутални и без задршка. Многумина новиот грб го нарекоа “стерилен”, тврдејќи дека ја изгубил препознатливата страст и идентитетот на Марсеј.
На „X“ се натрупаа уште пожестоки коментари, од споредби со логотипи на големи брендови како Volkswagen, до тврдења дека грбот повеќе личи на “ИТ стартап отколку на фудбалски клуб”.
.Новото лого на Марсеј 💙 pic.twitter.com/lfVaVhQ2re
— Ligue 1 English (@Ligue1_ENG) 8 април, 2026