Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Ливерпул и легенда на Саутемптон објави крај на кариерата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и легенда на Саутемптон објави крај на кариерата

Адам Лалана од оваа среда официјално се повлече од фудбалската сцена.

Со објава на социјалните мрежи, Лалана соопшти дека става крај на неговата фудбалска кариера.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој 37-годишен поранешен репрезентативец на Англија своите први професионални чекори направи во Саутемптон, клуб за кој одигра најмногу средби и постигна најмногу голови (235 натпревари, 48 голови).

На почетокот беше краткорочно позајмен на Борнмут, а потоа во 2014-та се приклучи на Ливерпул, каде што мина шест сезони. Во дресот на „Црвените“, одигра 128 натпревари и освои Премиер лига, Лига на шампиони, Светско клупско првенство и УЕФА Суперкуп. Во 2016 година беше избран за најдобар играч на Англија додека играше за Ливерпул.

Од Енфилд, во 2020 година, се пресели во Брајтон, а од таму во 2024 година се врати во Саутемптон, каде што ја заврши својата кариера.

Во текот на својата кариера, Лалана одигра 569 натпревари, постигна 86 голови и запиша 73 асистенции.

Фото: Livepool/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Манчестер јунајтед: Долго чекавме на ваков ден!

Хари Мегваер одушеви на Eнфилд и донесе победа за Манчестер Јунајтед против Ливерпул, засл…