
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Диего Рибас започна ново поглаваје во својата животна приказна, подалеку од фудбалските терени. Овој 40-годишник, познат по својата извонредна техника и играчка визија, реши да се испроба во еден од најтешките спортски предизвици во светот – „Ајроман триатлон“.
Се натпреваруваше на трката во Рио де Жанеиро, позната и како “пола ајронмен”. Иако овој формат е скратена верзија од целосниот, сепак бара извонредна издржливост и вклучува 1,9 километри пливање, кое поради лоши услови на море беше скратено на еден километар, 90 километри возење велосипед и 21,1 километар трчање.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Идејата за учество му се појавила уште во времето додека беше активен фудбалер, инспириран од пријател кој веќе се натпреваруваше во овој формат. “Комбинирањето на техниката на пливање, стратегијата во велосипедизмот и трчањето ме мотивираше да се обидам”, изјави Диего за бразилскиот О Глобо.