Дома Останати Ракомет Поранешна ракометна репрезентативка вмешена во криминал со вадење лични документи!

Поранешна ракометна репрезентативка вмешена во криминал со вадење лични документи!

Поранешна истакната македонска ракометарка од Скопје, заедно со двајца полициски службеници и еден пожарникар, се најде меѓу осомничените во предмет за корупција поврзана со издавање лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според официјалното соопштение, во периодот од февруари до април годинава, осомничените воспоставиле добро организирана мрежа преку која на граѓани им се овозможувало побрзо добивање лични карти, пасоши и возачки дозволи, во замена за паричен надомест.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против четири лица. Меѓу нив се полицаецот М.С., кој се товари за злоупотреба на службената положба и примање поткуп, како и П.П., припадник на интервентната полиција, осомничен за примање поткуп и незаконито влијание. Пријави се поднесени и против В.Р., наставник во средно училиште во Скопје, и А.С., пожарникар во Град Скопје, кои се товарат за примање награда за противзаконито влијание.

Неофицијално, наставничката В.Р. е поранешната ракометна ѕвезда Валентина Радуловиќ, една од најтрофејните и најуспешни репрезентативки во историјата на македонскиот ракомет. Таа зад себе има 220 настапи за националниот тим и 813 постигнати голови, а во клупската кариера настапувала за Кометал ЃП, австрискиот Хипо и данскиот Шлагелсе.

Како што соопштуваат од МВР, Радуловиќ и пожарникарот имале улога да пронаоѓаат заинтересирани лица, од кои прибирале лични податоци и фотографии. Тие информации биле доставувани до еден од полицајците, кој посредувал во забрзување на постапките, додека другиот полициски службеник, како овластено лице, ги спроведувал административните процедури.

Истражните органи наведуваат дека целата шема функционирала по однапред утврдени правила – со договорени цени, рокови и јасно распределени задачи – со што бил создаден паралелен и неформален механизам за побрз пристап до јавни услуги, спротивен на начелото на еднаквост на граѓаните.

Од МВР потенцираат дека осомничените на тој начин оствариле противправна имотна корист и најавуваат дека истрагата ќе продолжи во координација со надлежното обвинителство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Данска ѕвезда откри драматични детали: Завршил во болница поради срцето

Данска освои европско злато, во финалето беше подобра од Германија, но за најважниот натпр…