
Поранешниот фудбалер на миланскиот Интер, Луис Хименез се присети на времето поминато во миланскиот клуб каде што зборуваше и за односот со Жозе Мурињо.
Нагласи дека имал добар однос со тогашниот тренер на Нераѕурите, кој при првиот состанок му се обратил на совршен италијански.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
“Имав добар однос со Мурињо, кога дојде мораше да направи промени. Бевме 32 или 34 и ми се допадна начинот на кој зборуваше уште на претставувањето. Зборуваше на совршен италијански и рече дека сме премногу и дека тој сака 24 играчи од кои три се голмани и тројца млади играчи. Се прашувавме каде ќе ги стави останатите десетина играчи, а тој разговараше лично со секого и соопшти кој останува, а кој не”, рече 40-годишниот Хименез за португалскиот Рекорд и додаде:
“Луисито, јас сум тој кој одлучува кој останува тука, никој друг. Ниту спортскиот директор. Не обраќајте внимание на она што го читате во весниците, сакам да сте мирни, да играте и добро да тренирате, вие сте сигурни додека јас не ви кажам спротивното”.
Тој исто така зборуваше за соблекувалната на миланскиот тим, која во тоа време беше полна со ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ и Луис Фиго.
“Во соблекувалната беа Златан Ибрахимовиќ, Жулио Сезар и Луис Фиго. Еден ден Ибра дојде и рече дека е тој газда затоа што заработува најмногу пари. Потоа дојде Фиго и само го погледна со крајот на окото, не кажа ни збор. А Ибра знаеше што значи тоа и му одговори дека Фиго има малку повеќе пари од него, но дека ќе го надмине за неколку години. Тоа беше неверојатно искуство”, додаде Хименез.
Хименез во својата кариера играше за Палестино, Тeрнана, Фиорентина, Лацио, Тeрнана, Интер, Вест Хем, Парма, Чезена, Ал Ахли, Ал Наср, Ал Араби, Ал Гарафа, Катар СК и Ал Итихад и Магалјанес каде што и се опрости од играње.
За Интер, во две сезони одигра 30 натпревари и постигна четири гола и исто толку асистенции.