
Јосип Иличиќ, офанзивец од Словенија со 37 години и еден од најистакнатите словенечки фудбалери во последните петнаесетина години, потпиша едногодишен договор со ФК Копер, потврдено е на официјалната страница на клубот. Со ова, Иличиќ се враќа во средината каде што ги направи своите први професионални чекори.
Копер е клуб што во 2010 година го освои единствената титула шампион на Словенија, а минатата сезона ја заврши на третата позиција во Првата лига на Словенија.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во изјава за сајтот на клубот, Иличиќ не го криеше задоволството што се враќа:
“Драго ми е што се враќам во ново, но и познато окружување. Овде ги направив првите чекори во клупскиот фудбал. Копер е фудбалски град, навивачите заслужуваат убава игра и добри резултати. Се надевам дека ќе уживаме заедно.”
Кариерата на Иличиќ бележи значајни успеси, особено за време на неговите настапи во Италија каде што ги бранеше боите на Палермо, Фиорентина и Аталанта.
Врвот го достигна во сезоната 2018/19, кога доби место во најдобрите единаесет на Серија А. Неговото техничко мајсторство, чувството за простор и препознатливата левица го направија еден од најомилените играчи во лигата.
Сепак, тешката борба со депресија по смртта на соиграчот Давиде Астори и пандемијата COVID-19 остави длабоки траги. Градот Бергамо, кој беше епицентар на пандемијата во Италија, дополнително го зголеми психичкиот стрес. Иличиќ се повлече од тимот во тој период, а Аталанта му пружи целосна поддршка во неговото закрепнување.
Фото: Atalanta BC/X