Дома Фудбал Понудата за Осимен достигна неверојатни 50 милиони евра годишно

Понудата за Осимен достигна неверојатни 50 милиони евра годишно

АЛ ХИЛАЛ не престанува да се обидува да го доведе Виктор Осимен, па затоа ја зголеми понудата со која сака да го убеди да им се приклучи. Откако напаѓачот од Наполи, кој доаѓа од Нигерија, ја одби понудата од 30 милиони евра по сезона, клубот од Саудиска Арабија реагира со покачување на истата на 50 милиони евра годишно.

Клубот кој беше второпласиран минатата сезона во саудиската Про лига е подготвен да ја активира клаузулата од договорот на Осимен и да му плати на Наполи 75 милиони евра. Осимен минатата сезона беше на позајмица во Турција, каде што беше во центарот на вниманието за време на трансфер периодот. Откако одби да игра за Наполи, имаше многу шпекулации околу неговата иднина, но на крајот заврши на позајмица во Галатасарај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во турскиот клуб оваа сезона постигна 36 голови и додаде осум асистенции во сите натпреварувања. На крајот од сезоната се враќа во Наполи, но италијанскиот тим сигурно ќе го продаде летово бидејќи му истекува договорот во јуни следната година.

Понуда има и од Јувентус, меѓутоа италијанскиот шампион не сака да ги засили ривалите од Серија А. Како потенцијални клубови каде што би можел да ја продолжи кариерата, се споменуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…