Дома Фудбал ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА: Лаутаро Мартинез го напушта Интер?

ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА: Лаутаро Мартинез го напушта Интер?

Лаутаро Мартинез е без сомнение еден од најдобрите играчи на Интер во историјата на клубот.

Аргентинецот е и капитен на „нероазурите“ и идол на навивачите на тимот од градот на модата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа сезона на 22 натпревари постигнал 13 гола.

Во одлична форма е, поради тоа и неговата цена според процените на стручњаците е околу 85 милиони евра.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Барселона сериозно е заинтересирана и го сака во својот тим како замена за Роберт Левандовски кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Барса се откажа од Алварез од Атлетико Мадрид, се спомнуваше и Влаховиќ, но сега фокусот е на напаѓачот на Интер.

Управата на „нероазурите“ чека понуда, а дали ќе ја прифати или одбие останува да видиме.

Мартинез дојде во Интер летото 2017 година од аргентинскиот Расинг за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул нема да штеди пари – ќе плати 100 милиони евра за фудбалер од Бундес лигата

Ливерпул покажува сериозен и континуиран интерес за младиот крилен напаѓач на РБ Лајпциг, …