Дома Фудбал Пол Погба реагираше на пресудата за неговиот брат кој го ограбил: „Конечно можам да завртам нов лист“

Пол Погба реагираше на пресудата за неговиот брат кој го ограбил: „Конечно можам да завртам нов лист“

Фудбалскиот свет пред неколку дена остана во шок кога се појави веста дека самиот брат на Пол Погба, Матијас, е осуден од кривичниот суд во Париз на три години затвор, поради проневера на сопствениот брат Пол.

Матијас веќе одлежа дел од казната со оглед на тоа што беше суспендиран на две години, а сега свој коментар даде и Пол Погба.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


– Конечно можам да ја свртам страницата кога е во прашање овој болен период. Нема победници во овој случај во кој се вклучени членови на моето семејство и луѓе кои ги познавам од детството – рече Пол Погба и додаде:

– Заклучувањето на овој случај е можност да се фокусирам на иднината – заклучи Погба.

Матијас Погба извесен период професионално играше фудбал, но играше во пониските лиги. Што се однесува до Пол, тoj ќе му се врати на професионалниот фудбал на почетокот на следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Ливерпул: Навивачите ќе го замразат Трент ако потпише за Реал Мадрид

Поранешниот стопер на тимот од „Енфилд“, Џејми Карагер зборуваше за статусот на Трент Алек…