Дома Бокс Компанија го тужи Тајсон поради борбата со Пол – бара милионска оштета!

Компанија го тужи Тајсон поради борбата со Пол – бара милионска оштета!

Кипарската маркетинг агенција Medier го тужеше славниот боксер Мајк Тајсон (58) за 1,5 милиони долари, тврдејќи дека го прекршил договорот со нив учествувајќи во борба со Џејк Пол.
Компанијата со седиште во Лимасол ја промовира обложувалницата Rabona, а тужбата е поднесена на адреса на Високиот суд во Лондон.

“Вистинската причина зошто Тајсон и неговата компанија Tyrannic брзо и незаконски го раскинаа договорот е затоа што Мајк прифатил договор и спонзорство од Netflix за борба против инфлуенсерот Пол,” се наведува во тужбата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Договорот бил потпишан во јануари, а раскинат веќе во март, па Medier бара враќање на 800.000 долари од Тајсон за неисполнети услуги и уште 729.000 за залудно потрошени продукцииски и промотивни трошоци.

Од друга страна, адвокатите на Тајсон тврдат дека Medier го прекршил договорот, бидејќи не добиле одобрување од нивниот клиент за промотивниот материјал.

Да потсетиме, Пол го победи некогашниот апсолутен професионален светски првак на стадионот на NFL франшизата Далас Ковбојс.

Тајсон наводно заработил 20 милиони долари за учеството против повеќе од три децении помладиот јутјубер, а Пол двојно повеќе за мечот пред 70.000 луѓе.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Откриено кој го нокаутирал и повредил Вандерлеј Силва во масовната тепачка во Бразил (Видео)

Вандерлеј Силва доживеа целосен хаос во својот боксерски деби. Натпреварот во Сао Паоло за…