Дома Фудбал Погледнете ја грешката на Кариус во 88. минута за пораз на Шалке

Погледнете ја грешката на Кариус во 88. минута за пораз на Шалке

ФУДБАЛЕРИТЕ на Шалке синоќа доживеаа пораз од 1:2 на домашен терен против Хановер во 26. коло на втората германска лига. Шалке водеше од 27. минута на натпреварот благодарение на голот на Кристофер Антви-Аџеи, до последните пет минути од натпреварот, кога ги загубија сите три бода.

Најпрвин во 87. минута на натпреварот, Ларс Гиндорф шутираше од 20 метри од голот, а неговиот удар од блокот заврши на пречката. На среќа за гостите, топката се одби директно до Јаник Рошелт, кој немаше тешка задача да израмни на 1:1. Тоа беше неговиот втор гол оваа сезона.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Хановер го комплетираше пресвртот само една минута подоцна. По корнерот на Енцо Леополд, голманот на Шалке Лорис Кариус погрешно ја процени насоката на топката и не успеа да ја исфрли, а Хавард Нилсен го искористи тоа за гол вреден победа. Сензационалниот пресврт на гостите погледнете го ОВДЕ.

Кариус дебитираше за Шалке на 28 февруари во победата со 1:0 над Минстер. Во тој натпревар тој беше играчот на натпреварот, а беше многу добар и во победата од 1:2 кај Херта. Се чинеше дека вечерва ќе ја продолжи успешната низа, но во самата завршница на натпреварот прими два гола. Во Шалке пристигна на 14 јануари 2025 година, а по пет натпревари поминати на клупата, се избори за место во стартната постава.

Неговиот последен клуб пред Шалке беше Њукасл, каде што престојуваше до минатото лето. Во кариерата бранеше уште за Мајнц, Бешикташ, Ливерпул и Унион Берлин. Кариерата ја започна во Мајнц, а во 2018 година играше во финалето на Лигата на шампионите со Ливерпул. На негова жалост, бранеше во тоа финале од првата минута и направи две големи грешки, кои Реал Мадрид ги искористи и стана шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 21 година, а веќе донесе голема одлука: Ќе останам тука до крајот на кариерата!

Нема многу играчи кои со само 21 година знаат каде сакаат да ја завршат својата фудбалска …