Дома Фудбал Погледнете како изгледаше голот на Челси од камерата која ја носеше судијата (Видео)

Погледнете како изгледаше голот на Челси од камерата која ја носеше судијата (Видео)

Фудбалерите на Челси успешно го започнаа настапот на Светското клупско првенство. Во својот прв натпревар во групата Д, играчите на Челси го совладаа Лос Анџелес ФК со резултат 2:0, благодарение на головите на Педро Нето (34. минута) и Енцо Фернандез (79. минута).

Особено впечатлив беше првиот гол на натпреварот, кој за многумина е најубавиот досега на турнирот во САД. Носителите на преносните права го споделија на своите социјални мрежи како видео снимено со камерата на судијата на натпреварот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нето, со брзински маневар, влета во казнениот простор на ЛА, каде што му излезе во пресрет противничкиот одбранбен играч. Нето финтираше удар, што го натера чуварот да реагира непромислено. По дриблингот со десната нога, која го остави бранителот на тревата, фудбалерот на Челси ја префрли топката на левата и со силен удар заврши прекрасната акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ја продлабочи кризара на Реал во Мадрид

Манчестер Сити ги искористи проблемите на Реал Мадрид и победи со 2:1 на “Бернабеу” во нат…