Дома Фудбал Погледнете ја несекојдневната грешка на голманот на Барселона. Прими гол од 40 метри

Погледнете ја несекојдневната грешка на голманот на Барселона. Прими гол од 40 метри

ФУДБАЛЕРИТЕ на Барселона изборија победа на гостувањето кај Реал Овиедо со 3:1 во шестото коло од Ла Лига. Домаќините први поведоа со голот на Алберт Реина во 33. минута, но Барселона успеа да го сврти резултатот со погодоците на Ерик Гарсија, Роберт Левандовски и Роналд Араухо во второто полувреме.

Без сомнение, најголем виновник за голот на Реал Овиедо е огромната грешка на голманот на Барселона. Тој првично одлично ја пресече долгата топка која му се упати на напаѓачот на домаќините, но потоа направи фатална грешка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алберт Реина ја искористи можноста и без колебање шутираше од околу 40 метри кон празниот гол на Барселона, постигнувајќи прекрасен гол. Барселонските дефанзивци се обидоа да ја стигнат топката, но играчот на Реал Овиедо беше прецизен. Можете да го погледнете голот ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблемите на Данците потврдени: Објавен списокот на фудбалери за мундијалскиот бараж со Македонија (Фото)

Данската репрезентација го дефинираше составот за претстојниот бараж дуел против Македониј…