
НИКОЛА ЈОКИЌ поради повреда на листот од левата нога пропушти пет натпревари. Се врати и веднаш одигра незаборавен натпревар за Денвер.
За победата на Нагетс над Бакс со 127:117 постигна 39 поени (шут од игра 16/25) покрај 10 скока и асистенции.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
За Јокиќ ова беше веќе 30-тиот трипл-дабл во сезоната, што е негов личен, како и рекорд на Нагетси. До денес, ниту еден играч на тој клуб немал толку трипл-даблови во една сезона.
Јокиќ со одличната игра влезе во аналите на НБА лигата. Стана само четвртиот кошаркар по почетокот на најсилната лига кој успеа да достигне 30 трипл-даблови во една сезона. Пред него тоа го постигнаа само Расел Вестбрук (три пати), Оскар Робертсон и Вилт Чемберлејн.
.JOKIC DIME OF THE YEAR???! 😱😱
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 27, 2025
ARE YOU KIDDING ME. pic.twitter.com/hyYEnin3XS