
Јагиелонија во првиот натпревар од осминафиналето на Конференциската лига обезбеди голема предност од три гола против белгискиот Серкл Бриж, по домашната победа од 3:0. Клучниот момент на средбата се случи во 59. минута кога гостите останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Абу Франсис. Потоа уследија головите на полската екипа. Два постигна Афимико Пулулу, во 69. минута од пенал и 78., а еден Тарас Романџук во 75. минута.
Најубавиот момент на вечерта се случи во 78. минута, кога Пулулу го постигна својот втор гол на вечерта, за конечни 3:0. По одбивање во шеснаесетникот на гостите, топката стигна до напаѓачот на Јагиелонија, кој се одлучи за обид со “ножички” и мајсторски погоди за потврда на победата на својот тим.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Видео ОВДЕ