Дома Фудбал Погледнете го голот со ножички на најдобриот стрелец во Конференциската лига

Погледнете го голот со ножички на најдобриот стрелец во Конференциската лига

Јагиелонија во првиот натпревар од осминафиналето на Конференциската лига обезбеди голема предност од три гола против белгискиот Серкл Бриж, по домашната победа од 3:0. Клучниот момент на средбата се случи во 59. минута кога гостите останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Абу Франсис. Потоа уследија головите на полската екипа. Два постигна Афимико Пулулу, во 69. минута од пенал и 78., а еден Тарас Романџук во 75. минута.

Најубавиот момент на вечерта се случи во 78. минута, кога Пулулу го постигна својот втор гол на вечерта, за конечни 3:0. По одбивање во шеснаесетникот на гостите, топката стигна до напаѓачот на Јагиелонија, кој се одлучи за обид со “ножички” и мајсторски погоди за потврда на победата на својот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Видео ОВДЕ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судиската комисија во Шпанија со соопштението за поништиениот гол за Барселона предизвика циркус!

Атлетико Мадрид ја уништи Барселона со резултат од 4:0 на стадион Ванда Метрополитано во п…