
Вчера дојде до смена на тренерската позиција во Реал Мадрид, откако Чаби Алонсо беше отпуштен поради поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против големиот ривал Барселона.
Интересен е моментот кога првиот човек на Реал, Флорентино Перез, го поздрави досегашниот тренер по неуспехот против каталонскиот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алонсо му пријде на Перез кој беше сосема рамнодушен за време на поздравот, а многумина сметаат дека претседателот веќе бил свесен дека тоа е крај за Алонсо на клупата на Реал.
Алонсо ја презеде тренерската позиција во Реал пред почетокот на оваа сезона, доаѓајќи од Баер Леверкузен, и за време на неговото водство оствари 20 победи, три нерешени и пет порази во 28 натпревари.