
Бразилскиот репрезентативец Нејмар би можел да го напушти Сантос ова лето бидејќи повторно се шпекулира дека овој 33-годишник би можел да се врати во Европа.
Нејмар своевремено беше еден од најдобрите играчи во светот, но во претходните сезони неговата кариера доживеа неверојатен пад.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сè започна кога во летото 2023 година реши да го напушти ПСЖ и да премине во Саудиска Арабија, каде потпиша за Ал Хилал, но набргу потоа ги повреди зглобовите на коленото поради што беше надвор од теренот дури една година.
Во Ал Хилал одигра само неколку натпревари и на почетокот на оваа година го раскина договорот со Саудијците и реши да се врати во својот матичен клуб – Сантос.
Нејмар се надева дека во Сантос ќе може да се врати во старата форма и имаше неколку навистина добри настапи во дресот на бразилскиот клуб, потсетувајќи на својата магичност која некогаш го красеше.
Очигледно е дека добрите настапи на Нејмар не поминаа незабележано бидејќи повторно се шпекулира дека би можел да се врати во Европа.
Целта на Нејмар е уште еднаш да се обиде да игра на највисоко ниво и се понуди дури и на Барселона, но Каталонците го одбија и му порачаа дека во овој момент не им треба.
Сепак, вчера се појави информација дека Нејмар има понуда од Европа која сериозно ја разгледува и дека контактите веќе се воспоставени.
Интерес за овој 33-годишник покажа Марсеј, кој е подготвен да му пружи шанса на Нејмар и сигурни се дека доаѓањето на Бразилецот ќе предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на овој клуб.
Фото: Grok AI