Популарниот англиски репрезентативец Џек Грилиш заврши неверојатно лоша 2024 година во која, верувале или не, не постигна ниту еден гол.
Џек Грилиш го чинеше Манчестер сити дури 117 милиони евра, кога во трансфер од Астон Вила премина на Етихад, но неговиот учинок во новиот клуб речиси и да не може да се дискутира.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Иако минатата сезона освои пет трофеи со Манчестер сити и даде значителен придонес, следеше период во кој не покажа ни трага од тој играч кој беше страв и трепет за сите противнички одбрани во Астон Вила.
Се чини дека настапите на Грилиш одат надолна патека, а за каква катастрофа од година се работи за англискиот репрезентативец, најдобро покажува податокот дека ја заврши 2024 без ниеден постигнат гол.
Таа статистика можеби не би била шокантна за некој дефанзивец, иако и тоа е редок случај на овој ниво, но кога ќе видиме дека крилниот напаѓач запиша 45 настапи оваа година и не се запиша во стрелците, тоа навистина звучи шокантно.
Последниот гол во дресот на Манчестер сити, Грилиш го постигна на 16 декември 2023 година.
Jack Grealish didn’t score a goal for Manchester City in 2024.
— ESPN FC (@ESPNFC) December 29, 2024
His last goal came against Crystal Palace on December 16, 2023. pic.twitter.com/iMU6PYHdx2