Дома Фудбал Почнуваат преговори: Меси пристигнува кај Роналдо во Саудиската Про лига?

Почнуваат преговори: Меси пристигнува кај Роналдо во Саудиската Про лига?

Дали наскоро повторно ќе го гледаме во живо ривалството меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо?

Светските медиуми пренесуваат дека славниот Аргентинец има отворени врати за Саудиската професионална лига и најавуваат – почеток на преговори.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Наводно, Саудискиот јавен инвестициски фонд повторно ги отвори разговорите со Лионел Меси со цел да го доведе во Сауди Про лигата.

Се потсетува дека двете страни имаа повеќемесечни преговори во 2023 година, но тогаш Меси сепак се одлучи за МЛС и Интер Мајами. Сега почнале вербални разговори како вовед, бидејќи договорот на Меси истекува крајот на оваа година и тој би можел веќе на 1 јули да потпише договор со кој било клуб како слободен играч.

Во Саудиска Арабија сè прават за повторното оживување на ривалството на Лео Меси и Кристијано Роналдо, кој сега е поблизу до останување во Ал Наср.

Извор близок до Лео Меси вели дека тој останува потполно фокусиран на своите обврски во Интер Мајами, но дека контактите меѓу страните се воспоставени и дека двете страни ќе ги истражат опциите во наредните недели. Уште ништо не е постигнато, но вратите на Саудиска Арабија се отворени за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Можниот клуб за кој би Меси евентуално играл уште не е разгледуван. Саудискиот инвестициски фонд сака прво да ги разбере неговите намери.

Наводно, Меси не е задоволен со напредокот на МЛС, очекуваше дека лигата ќе биде многу посилна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекувано: Јовиќ го напушта Милан и се сели на другиот крај на светот!?

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ се наоѓа пред затворање на едно поглавје во својата кариера &…