Дома Фудбал Почина легендарниот фудбалер на Милан

Почина легендарниот фудбалер на Милан

Поранешниот италијански голман Фабио Кудичини, легендата на Милан, почина на 89-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми!

Кудичини остави неизбришлива трага во текот на 1960-тите. Поради неговата агилност и способност да прави спектакуларни одбрани, го доби прекарот „Црниот пајак“, а во текот на петте сезони во Милан одигра 183 натпревари и освои бројни престижни трофеи: титулата во италијанскиот шампионат (1967-68), Европскиот куп (1968-69), Интерконтиненталниот куп (1969) и Купот на Италија (1971-72).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кариерата ја започна во Удинезе, а осум сезони играше и за Рома и освои два трофеи. Како играч на Милан, тој се стекна со репутација на мајстор за пенали, а сè уште го држи рекордот за најдолга серија од минути без примен гол на Сан Сиро – 1.132 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети предложи револуција за спас на италијанскиот фудбал: Секој тим мора да има…

Радикален план за спас на италијанскиот фудбал, сè со една цел – посилна репрезентац…