
Маурисио Почетино заработи повеќе од 5 милиони долари во првите седум месеци како селектор на националниот тим на САД.
Аргентинецот беше именуван како наследник на Грег Бархалтер на 10 септември 2024 година и доби 5 016 917 долари за финансиската година што завршува на 31 март 2025 година. Неговата плата за овој период била 2 156 917 долари, а исто така примил и премија од 2,5 милиони.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Бархалтер, кој беше отпуштен во јули 2024 по испаѓањето во првиот круг на Копа Америка, земал 1 774 981 долар за фискалната година, што вклучува плата од 699 148 долари, бонус од 325 илјади и други плаќања од 750 833 долари.
Селекторката на женскиот тим на САД Ема Хаис заработува 1 469 557 долари, кои се составени од плата од 744 557 долари, 700 илјади бонус и 25 илјади во форма на други компензации.