
Вечерва, Антонио Конте со својот тим го врати скудетото во Наполи.
Во последното коло од Серија А, Наполи ја совлада екипата на Каљари на домашен терен, што значеше дека шампионската прослава на стадионот “Марадона” можеше да започне, независно од победата на Интер против Комо.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
По завршувањето на мечот, новинарите се натпреваруваа кој ќе стигне прв до тренерот Конте, откако во претходните денови се шпекулираше за негово враќање во Јувентус по завршувањето на сезоната.
Сезоната заврши, па изминатата вечер беше прилика да му се постави директно тоа прашање.
”Уживаме во моментот. Имам одличен однос со претседателот Де Лаурентис и неговото семејство. Годинава имавме можност да се запознаеме. Ги славиме успехот заедно, ние сме победници. Можеби на различни начини, но сепак победници”, изјави Конте.
Конте беше многу поконкретен кога го коментираше достигнувањето со Наполи. Тој стана првиот тренер кој освоил скудето со три различни клуба. Претходно успех го постигна и со Јувентус и Интер.
”Тоа повторно се случи, и тоа е прекрасно чувство. Кога пристигнавме на стадионот, навистина беше тешко да се влезе, не знам колку луѓе беа таму. Помислив дека ако ги разочараме овие луѓе, тоа ќе биде нешто што долго ќе го носиме со нас.
Фото: SSC Napoli/X