Дома Фудбал По тешката повреда на главата се огласи Донарума (Фото)

По тешката повреда на главата се огласи Донарума (Фото)

Голманот на Пари Сен Жермен и капитен на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума се огласи на социјалните мрежи по повредата на лицето што ја здоби за време на натпреварот со Монако.

Донарума претрпе сериозен удар во главата кога во 20. минута од натпреварот беше удрен од бекот на Монако Вилфрид Синго со отворена штикла, при што му беше болно “распарчено” лицето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фотографиите кои следеа беа шокантни, поради што Донарума мораше да го напушти теренот и веднаш да се упати на шиење.

Фотографии од Донарума со лекарската интервенција брзо се појавија на социјалните мрежи и предизвикаа голема загриженост меѓу навивачите.

По натпреварот, Синго се извини преку социјалните мрежи на Донарума, истакнувајќи дека немал намера да направи таков груб фаул и му посака брзо закрепнување.

Донарума брзо се огласи од својот дом со фотографија на која се гледа завој на лицето и напиша:

“Сѐ е во ред.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата не досуди фаул за Манчестер сити, Пеп звесна: Погледнете ја реакцијата (Видео)

Фудбалскиот вицешампион на Саудиска Арабија направи голема сензација во текот на Светското…