Дома Останати Кошарка По фијаското со желбата на Дончиќ, Лејкерс доведоа ново засилување

По фијаското со желбата на Дончиќ, Лејкерс доведоа ново засилување

Лос Анџелес Лејкерс конечно пронајдоа нов центар по фијаското со доведувањето на Марк Вилијамс.

Веднаш откако Лука Дончиќ дојде во Лејкерс во трејд за Ентони Дејвис, побара од генералниот менаџер Роб Пелинка да му го доведе центарот на Шарлот Марк Вилијамс.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пелинка веднаш го направи тоа, а една од последиците на тој трејд беше и доаѓањето на Јусуф Нуркиќ во Шарлот.

Но, НБА лигата го поништи трејдот бидејќи Вилијамс не ги помина медицинските прегледи, па Лејкерс практично останаа само со Џексон Хејс како единствениот здрав центар.

Пелинка затоа мораше да најде начин за зајакнување на центарската линија, а бидејќи помина рокот за трејдови, мораше да се потпре на пазарот на слободни играчи.

Најдобриот избор, според мислењето на Пелинка, беше Алекс Лен.

31-годишниот Украинец ја започна оваа сезона во Сакраменто, каде што просечно бележеше 1,4 поени и 1,8 скокови за 7 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Никола Јокиќ жали што не ја подаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од мечот с…