Дома Останати Кошарка Пешиќ си ја отоврил душата: Јокиќ имал вишок килограми тројца оделе во црква и не јаделе месо!

Пешиќ си ја отоврил душата: Јокиќ имал вишок килограми тројца оделе во црква и не јаделе месо!

Неуспехот на српските кошаркари на последното Европско првенство, чија финална фаза се одржа овие денови во Рига, Латвија и понатаму е тема во јавноста откако беа елиминирани уште на самиот почеток на нокаут фазата.
Во осминафиналето, Србија беше изненадена од Финска која приреди сензација и ги победи Орлите со 92:86, испраќајќи ги дома.

Целата Србија сега расправа за иднината на селекторот Светислав Пешиќ, на кого му се приближуваат последните денови на чело на репрезентацијата, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од септември.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, Пешиќ ја споделил својата фрустрација со пријателите, каде што ги изнесе причините за неуспехот на Европското првенство, а некој од присутните очигледно одлучи да не ја чува тајната, па Sport Klub ексклузивно го откри она што Пешиќ го кажа во доверба.

Популарниот Кари призна дека „го изгубил тимот“, направил грешки со Мициќ, но и откри други аспекти како фактот дека некои играчи наместо на тренинг оделе во црква.

Иако не рече дека жали што го повел Мициќ во Латвија, призна дека би променил еден потег од оваа перспектива.

“Не требаше да го задржам на теренот во завршницата против Турција, требаше да го вратам Јовиќ”, изјави трофејниот селектор во еден момент и потоа продолжи дека тој пораз директно влијае на конечниот резултат на првенството, пренесува Sport Klub.

“Да ги победевме Турците, уште ќе избевме таму”, констатираше, преземајќи ја одговорноста за тој превид.

Во неформален разговор по распуштањето на тимот во Белград, Пешиќ прифати дека Никола Јокиќ заостанува во одбраната, но додаде:

“Што да му кажам? Погледни што носи во нападот, иако дојде со вишок килограми”, објасни Пешиќ.

Според селекторот на Србија, само капитенот Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ пристигнале подготвени во кампот, како што и се очекува од одговорен репрезентативец во време кога минималната подготовка е само месец дена, пренесува Sport Klub.

Кари им раскажал на пријателите дека отсуството на Богдановиќ било голем удар за тимот, особено бидејќи капитенот не можеше ни да остане во Рига за да му помогне на селекторот и стручниот штаб во делот сврзан со неговиот авторитет надвор од теренот.

“Секој пат кога ќе се појавеше проблем, Богдан го решаваше”, рече Пешиќ и неволно додаде дека, за жал, “да, го изгуби тимот во некоја точка”.

Посебно беше изненаден од начин на кој Марко Гудуриќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Добриќ „се истакнаа“ кога Богдан отпадна од игра поради повреда. Дури и камерите забележаа момент кога Пешиќ го поттикнуваше Гудуриќ да преземе одговорност и да шутира во завршницата на мечот против Финска.

Меѓутоа, призна дека најмногу бил изненаден од промената во однесувањето и навиките на тројца играчи, кои како дел од својата ментална подготовка за натпревари придадоа големо значење на верата.

“Тренирав играчи од сите вероисповеди, ги познавам овие момци многу добро и малку бев затечен од колку далеку отиде тоа”, призна Пешиќ, нагласувајќи дека наместо на тренинг за шутирање, дел од тимот одел на молитва во црква.

“На сето тоа, не сакаат да се хранат со месо, а потребна им е енергија…”, рече тој.

Очекувања се дека на крајот од септември Пешиќ официјално ќе ја напушти функцијата на селектор на Србија и дека овој тим во квалификациите за Светското првенство ќе го предводи нов селектор.

Да потсетиме, Србија ќе ги игра овие квалификации во група заедно со Босна и Херцеговина, како и Турција и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Денвер се радуваат поради неуспехот на Србија на Евробаскетот, причината е Никола Јокиќ

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа огромен срам на Европското првенство во Риг…