Дома Фудбал Перишиќ се поблиску до шокантен трансфер – веќе има „зелено светло“!

Перишиќ се поблиску до шокантен трансфер – веќе има „зелено светло“!

Иван Перишиќ би можел да стане ново засилување на Барселона, откако новиот тренер на каталонскиот гигант, Ханси Флик, дал позитивна оценка за хрватскиот фудбалер, пренесува денеска шпанскиот „Мундо Депортиво“.

„Перишиќ е фудбалер кој Флик го цени уште од времето кога соработуваа во Баерн Минхен“, открива весникот. Германскиот стратег добро го познава неговиот квалитет и искуство, а токму тие две карактеристики му недостасуваа на Барселона во изминатата сезона.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, кој моментално е слободен играч би можел да донесе дополнителна длабочина и флексибилност во крилните позиции на тимот од „Камп Ноу“.

Доколку дојде до договор, ова би било нов почеток за Перишиќ во Ла Лига и прва епизода во Шпанија во неговата богата интернационална кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси на чекор до потпис со фудбалер од 70 милиони евра

Ксави Симонс не тренираше со групата на РБ Лајпциг во петокот и не се очекува да биде во с…