Дома Фудбал Перез пред искушение: Да го продаде Винисиус за да купи тројца фудбалери

Перез пред искушение: Да го продаде Винисиус за да купи тројца фудбалери

Понудата која Реал Мадрид и Винисиус ја имаат на маса никого не остава рамнодушен, па ниту самиот Флорентино Перез, кој сега е пред големо искушение.

Кога Нејмар во неговото најдобро време играше за Барселона, тогаш пристигна неморална понуда од Париз од 222 милиони евра. И денес ова е најголемата сума дадена за еден фудбалер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Нејмар по Париз замина за Саудиска Арабија, а сега со 32 години се враќа во матичниот клуб Сантос. Изгледа дека неговото време помина, но заработи неверојатна сума на пари.

Саудијците многу добро знаат дека за ангажирањето на Винисиус ќе бидат потребни досега невидени бројки во фудбалот. За Реал Мадрид подготвени се 300 милиони, а за Винисиус дури милијарда.

Познатиот новинар Сиро Лопез смета дека првиот човек на кралскиот клуб треба да ја прифати понудата, а потоа да доведе три класни играчи.

„Продади го Винисиус, па ангажирај го најдобриот стопер во Европа за 70 милиони евра, со 80 милиони евра може да се потпише најдобриот лев бек, а со останатите пари може да се потпише играч за врска кој би ги извршувал повеќе или помалку задачите што ги извршуваше Тони Крос”, порача Лопез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува план за египетскиот фудбалски талент кој го споредуваат со Салах

Екипата на Барселона продолжува да биде активна во потрагата по нови фудбалски таленти шир…