Дома Фудбал Перез донесе одлука што ќе го „замрзне“ Мадрид – навивачите на Реал не се најсреќни

Перез донесе одлука што ќе го „замрзне“ Мадрид – навивачите на Реал не се најсреќни

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да направи одредени промени во тимот за следната сезона, но еден потег ги изненади навивачите на „кралскиот клуб“. Наместо нов стопер, во клубот ќе остане Антонио Рудигер.

Реал Мадрид изминатите неколку месеци беше поврзуван со низа играчи кои би можеле да го зајакнат одбранбениот ред на „кралскиот клуб“. Ќе има одредени нови доаѓања на „Сантијаго Бернабеу“, но Флорентино Перез не сака „да лудува“ со понуди, како што прават некои други клубови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вистина е дека „Кралевите“ бараат стопер, но на крај можеби во клубот ќе остане отпишаниот Антонио Рудигер. Причината се огромните суми кои за потпис бараат играчите што Реал ги скаутираше, а Перес не сака да даде премногу пари.

Кастело Луке и Ибрахима Конате се во моментов скапи опции. Поради тоа, шефот одлучи повторно да му даде шанса на Рудигер.

„До крајот на сезоната, Рудигер ќе биде под набљудување. Флорентино Перес знае колку е важен кога е подготвен. Сака да му даде нов едногодишен договор, освен ако не се појават одредени здравствени проблеми”, се наведува и се додава:

„Ако има проблеми, Реал ќе мора да реагира. Меѓутоа, Луке и Конате се прескапи опции. Луке чини барем 50 милиони евра, а Конате бара бонус за потпис од 15 до 18 милиони евра.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија го искористи киксот на Вардар во Гостивар – трката за титулата сега е израмнета! (Видео)

Со комплетирањето на денешните два натпревари во Првата лига, трката за титулата доби нов …