Дома Фудбал Перез ќе остане со празни раце: Гвардиола му задал тежок удар на Реал Мадрид

Перез ќе остане со празни раце: Гвардиола му задал тежок удар на Реал Мадрид

Флорентино Перез има големи планови за летниот трансфер период, но изгледа дека нема сè да оди така лесно како што очекуваше, бидејќи Пеп Гвардиола му ја уништил работата за која мислеше дека е веќе завршена.

Јасно е дека дефанзивата е најголем проблем на Реал поради честите повреди, а покрај играчите на бековските позиции, Перез сака да ги засили и центарбек местата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Одамна се пишува за тоа дека најголема желба на кралскиот клуб е Вилијам Салиба, кој веќе некое време игра во фантастична форма во Арсенал и нема да биде изненадување ако на лето одлучи да ги напушти Топчиите.

Сепак, иако се чинеше дека Реал Мадрид може да биде следната дестинација на Салиба, во сè се вклучи Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола е голем обожавател на Салиба и токму него го гледа како нов лидер во одбраната на Сити. Шпанецот целосно сака да го освежи тимот на Граѓаните по ужасната сезона и токму Салиба го гледа како идеалното решение за одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…