Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го критикуваше квалитетот на топките со кои тимовите играат во англиските куп натпреварувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сити во саботата навечер се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, откако го победи второлигашот Плимут со 3:1, а имаше 20 шута надвор од рамките на голот. Неодамна и тренерот на Арсенал, Микел Артета, изрази незадоволство од квалитетот на топките, откако неговата екипа загуби во полуфиналето на Лига Купот од Њукасл.
Гвардиола рече дека не е задоволен од топките на марката Митре, со кои се играат натпреварите во ФА Купот.
„Топката во Лигата на шампионите е исклучителна, топката во Премиер лигата е неверојатна, но оваа не е. Тешко е да се контролира. Кога ќе изгубите, може да звучи како да се жалите, но топката не е добра. Ова се случува со години во ФА Купот и Лига Купот, знам дека тоа е бизнис и дека има договори. Знаете ли колку удари беа над голот? Погледнете ги другите натпревари. Обично топката влегува во голот по тие удари“, рече Гвардиола.