Дома Фудбал Пенал драма каква што ретко се гледа: Фудбалерите на Астон Вила и Блекпул шутираа 38 пенали (Видео)

Пенал драма каква што ретко се гледа: Фудбалерите на Астон Вила и Блекпул шутираа 38 пенали (Видео)

Рекордот за професионален англиски фудбал беше поставен на дуелот помеѓу U-21 екипите на Астон Вила и Блекпул, одигран вчера во борба за ЕФЛ трофејот. По натпреварот што заврши 1:1 и маратонот од белата точка, победа запиша тимот на Астон Вила со конечни 18:17.

Топката не заврши во мрежата во два од првите пет обиди, а потоа беа потребни уште 33 удари за да се одлучи победникот на дуелот. Трагичар беше Џордан Лоренс-Габриел, кој во 38. пенал во серијата погоди во рамка, откако претходно беше прецизен на распукувањето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стив Брус, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој во тренерската кариера го водел и Астон Вила, пред да го преземе Блекпул во септември оваа година, изјави по драмата дека никогаш не видел вакво нешто. И не можеше, бидејќи тоа е рекорд при распукување на пенали во англискиот професионален фудбал, истакнува БиБиСи.

Апсолутниот рекорд го држат аматерските екипи на Вашингтон и Бедлингтон, кои пред две години на натпревар за титулата во Ернест Армстронг меморијал купот изведоа 54 пенали. Со победата, Астон Вила остана единствената U-21 екипа во турнирот, во кој право на настап имаат англиските третолигаши и четвртолигаши, како и младите тимови на 16 англиски премиерлигаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…