Дома Фудбал Пељто досуди пенал против Португалија, па влезе во разговор со Роналдо (ВИДЕО)

Пељто досуди пенал против Португалија, па влезе во разговор со Роналдо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Данска ја совладаа Португалија со 1:0, во првиот натпревар од четвртфиналето на УЕФА Лигата на нациите. Главен арбитар на овој натпревар беше најдобриот босански судија Ирфан Пељто.

Арбитерот од Сараево покажа на белата точка за Данска, откако Ренато Веига играше со рака во својот казнен простор во 23-тата минута од натпреварот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Одговорноста ја презема Кристијан Ериксен, но Диего Коста со одлична парада му го одбрани ударот.

Пред изведување на пеналот, камерите го снимија и краткиот разговор помеѓу Пељто и Кристијано Роналдо. Ирфан му пријде на португалскиот напаѓач, веројатно да му објасни зошто досудил пенал.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се упати кон својот голман, веројатно да му каже каде ќе шутира Ериксен, бидејќи со Данецот ја делеше соблекувална во Манчестер Јунајтед.

Данците победија со голот на Расмус Хојлунд во 78-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …