Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека Томас Парти би можел летово да ја засили Барселона бидејќи му истекува договорот со Арсенал, и дека неговите агенти веќе стапиле во контакт со Каталонците. Но, она што Ханси Флик го одговори кога слушна дека Парти се нуди таму, стави точка на приказната.
Парти и оваа сезона е стандардeн во тимот на Арсенал, но на „Емирати“ веќе полека го губат трпението бидејќи не се изјасни за продолжување на договорот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Искусниот фудаблер за врска со лондонскиот клуб има договор до крајот на оваа сезона и сѐ повеќе се пишува дека Парти летово ќе замине од Емирејтс, и дека веќе преговара со други клубови.
Пред неколку дена се појави информација во јавноста дека сака да се врати во Шпанија и дека неговите агенти стапиле во контакт со Барселона, нудејќи ги услугите на овој 31-годишник на каталонскиот тим.
Парти верува дека Барселона би била одличен избор за него и се понуди на Каталонците, добивајќи експресен договор.
Шпанските медиуми пишуваат дека Ханси Флик веднаш го одби предлогот на клубот овој 31-годишник да го донесат летово без обештетување и јасно порача дека Парти не му е потребен и дека е подобро да се засилат на други позиции.