
Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечерва во Париз, започнувајќи во 20 часот, а кој ќе биде победник на оваа престижна награда до последен момент останува тајна.
Со воведување на ново правило, победникот нема да биде информиран однапред, а уредникот на Франс Фудбал, Висент Гарсија, потврди дека само тој го знае идентитетот на добитникот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
На листата на кандидати има 30 имиња, но двајца играчи се издвојуваат како фаворити: Осман Дембеле (ПСЖ) и Ламин Јамал (ФК Барселона).
Се чини дека францускиот репрезентативец, кој минатата сезона со ПСЖ освои трократна круна, има мала предност.
Сепак, некои веруваат дека младиот Јамал ќе ја освои наградата за најдобар играч благодарение на неговите извонредни настапи во дресот на Барселона, како и играта за репрезентацијата на Шпанија.
Престижната награда ќе се додели врз основа на перформансите од целата сезона, наместо како порано според календарска година. Индивидуалните настапи, талентот, спортскиот дух и севкупната кариера на играчите ќе бидат во преден план, додека колективните резултати и освоените трофеи се во втор план.
И овој пат, бројот на гласачи е зголемен — тие продолжуваат да бидат составени од новинари, по еден од секоја земја, но жирито за машката Златна топка е ограничено на 100 гласачи (наместо претходните 170), што кореспондира со 100те највисоко рангирани нации на ФИФА ранг-листата.
За женската Златна топка ќе гласаат 50 новинари, по истиот принцип.
Церемонијата во Париз ќе ја води легендарниот Роналдињо, кој ќе ја предаде наградата на победникот.
Покрај Златната топка, ќе се доделат и награди за:
најдобар голман,
најдобар стрелец,
најдобар млад играч.
Златната топка се доделува од 1956 година, а Лионел Меси ја освоил наградата рекордни осум пати, додека Кристијано Роналдо е добитник пет пати.
Списокот на номинирани играчи:
Осман Дембеле (ПСЖ)
Џанлуиџи Донарума (ПСЖ)
Џуд Белингем (Реал Мадрид)
Дезире Дуе (ПСЖ)
Дензел Думфрис (Интер)
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
Серхоу Гираси (Борусија Дортмунд)
Виктор Ѓокерес (Арсенал)
Хари Кејн (Баерн)
Ашраф Хакими (ПСЖ)
Кварацхелија (ПСЖ)
Ламин Јамал (ФК Барселона)
Роберт Левандовски (ФК Барселона)
Алексис Мак Алисетер (Ливерпул)
Лаутаро Мартинез (Интер)
Скот Мектоминеј (Наполи)
Килијан Мбапе (Реал Мадрид)
Нуно Мендес (ПСЖ)
Жоау Невес (ПСЖ)
Педри (ФК Барселона)
Кол Палмер (Челси)
Мајкл Олис (Баерн)
Рафиња (ФК Барселона)
Деклан Рајс (Арсенал)
Фабиан Руиз (ПСЖ)
Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Флоријан Вирц (Ливерпул)
Витиња (ПСЖ)